
Баерн Минхен сериозно разгледува можности за позицијата стопер, а меѓу кандидатите е и – Нико Шлоторбек.
Во прашање е веќе легенда на Борусија, но и играч кој следното лето ќе влезе во последната година од договорот, а ги одби сите понуди за останување во Дортмунд. Наводно, тој бараше зголемување на платата од 2.500.000 на 10.000.000 евра, додека Борусија му понудила максимална плата од 8.000.000 годишно, што Германецот го одби.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Тој е свесен дека е интересен за многу клубови, досега се споменуваше и Барселона, но во игра е и – Баерн Минхен.
Не е тајна дека Баварците го испитуваат теренот бидејќи Дајо Упамекано не ја прифати понудата за продолжување на соработката, а на лето станува слободен, додека Ким исто така е потенцијално на списокот за трансфери.
Уредникот на Билд, Кристијан Фалк, тврди дека Марк Гуеј е моментално прва опција, но дека се мали шансите Англичанецот да го избере Минхен, така што во тој случај Шлоторбек е сериозна мета за Баерн.