Дома Фудбал Нов договор:Јунајтед и Мегваер сепак на преговарачка маса

Нов договор:Јунајтед и Мегваер сепак на преговарачка маса

Манчестер јунајтед во наредните недели би можел да постигне договор со Хари Мегваер за продолжување на соработката.

„Црвените ѓаволи“ и искусниот стопер овие денови седат на маса и преговараат за продолжување на соработката. Мегваер е заинтересиран да остане, остануваат само детали.

Причината е што Мегваер во јуни има истекување на договорот, па од јануари би можел да бара нова средина. Во Јунајтед се на мислење дека влијанието на Мегваер на играта и соблекувалната е многу добро и поради тоа сакаат да го задржат во тимот.

Кога дојде од Лестер за огромни 87 милиони евра сите очекуваа многу. Сепак, Мегваер не ги оправда очекувањата на клубот и вложените пари. Препознаено е дека тој не може да биде носител на одбраната на клубот од „Олд Трафорд“, но е пронајдена мерка.

Мегваер оваа сезона игра спорадично. Во некои натпревари е стартер, додека во други влегува од клупа. Не е стандарден, ниту постојан во партиите што ги пружа.

Управата сепак му верува. Како ќе заврши ова на крајот, останува да видиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе: Да играм под водство на Зидан е како сцена од филм

Капитенот на Франција, Килиан Мбапе, вели дека да биде воден од Зинедин Зидан во националн…