
Најдобриот англиски фудбалер Хари Кејн најверојатно ќе го пропушти утрешниот пријателски натпревар против репрезентацијата на Велс на „Вембли“ поради болка во зглобот која ја чувствува уште од дуелот против Ајнтрахт Франкфурт минатиот викенд.
Голгетерот на Бајерн Минхен при финишот на саботниот дуел во Франкфурт, завршен со убедлива победа на германскиот гигант, доби удар откако беше урнат од голманот на домаќините, а од болките здобиени за викендот сè уште се опоравува.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Како што пренесува германски „Скај спорт“, Кејн денес тренираше индивидуално со дефанзивецот на Бајер Леверкузен Џарел Кванса и постои голема веројатност да го пропушти натпреварот против Велс, пред сè затоа што станува збор за пријателски натпревар и селекторот Томас Тухел нема причина да ризикува.
Останува да видиме како ќе тече опоравокот во наредните денови и дали Кејн ќе биде на располагање за многу поважниот дуел во Летонија кој е на програмата во вторник од 20:45.
Англичаните три кола пред крајот на мундијалските квалификации убедливо водат на табелата во групата К, каде што е и Србија, со предност од дури седум поени во однос на првиот следбеник Албанија.