Дома Фудбал Ливерпул и Јунајтед сакаат дефанзивец на Баерн

Ливерпул и Јунајтед сакаат дефанзивец на Баерн

Ливерпул и Манчестер Јунајтед покажуваат интерес за привлекување на дефанзивецот на Баерн Минхен и францускиот репрезентативец Дајот Упамекано, пренесува Билд.

Договорот на играчот со клубот од Минхен важи до крајот на оваа сезона, а преговорите за продолжување на договорот напредуваат полека. Двата гиганти од Премиер лигата ја следат ситуацијата и имаат намера да ја искористат.

Меѓутоа, се зборува дека шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона исто така се заинтересирани да потпишат со Французинот.

Упамекано има одиграно девет натпревари во сите натпреварувања од почетокот на сезоната. Според Transfermarkt, неговата пазарна вредност во моментот изнесува 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе: Да играм под водство на Зидан е како сцена од филм

Капитенот на Франција, Килиан Мбапе, вели дека да биде воден од Зинедин Зидан во националн…