
Односот кон него одамна беше нарушен, а довербата изгубена. Сега одлучи жестоко да ја „удри“ Барселона преку судски пат.
Францускиот кошаркар Томас Хoртел поднесе тужба против Барселона, барајќи оштета од 1,6 милиони евра поради неисполнет договор кој, според неговите тврдења, довел до сериозни професионални и лични проблеми.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Хoртел беше во преговори со Барселона почетокот на 2025 година, откако клубот одлучи да го обнови интересот за него поради повреда на клучни играчи.
Иако семејството го пресели во Барселона, клубот изненадно го откажа трансферот под притисок на навивачите, кои беа против неговото враќање поради минати несогласувања.
Според информациите, Хoртел поради тие преговори ја одби понудата на АСВЕЛ, што на крај резултираше со негово потпишување со Лејма Корунја, клуб кој се бори за опстанок во шпанската АЦБ лига.
Барселона, од друга страна, тврди дека не е потпишан никаков службен договор со Хoртел и дека не постоеле формални документи кои би го обврзувале клубот на трансфер. Случајот сега е во судска постапка, а се очекува наскоро да биде закажано рочиште.
Овој инцидент не е прв пат Хoртел да има проблеми со Барселона. Во декември 2020 година, за време на патувањето во Истанбул, клубот го исклучи од враќање во Барселона откако беше откриено дека преговарал со Реал Мадрид, што предизвика голем скандал.