Дома Фудбал За Македонците во Гент пред натпреварот со Белгија ќе има фан-зона!

За Македонците во Гент пред натпреварот со Белгија ќе има фан-зона!

Фудбалската федерација на Македонија денеска објави дека пред дуелот со Белгија, кој ќе се одигра на 10 октомври во Гент, ќе биде организирана фан-зона за македонските навивачи.

Собирот е закажан на плоштадот Коренмаркт во центарот на Гент, а фан-зоната ќе започне со работа од 11 часот. Оттаму, навивачите ќе може организирано да тргнат кон стадионот со автобуси.

Од ФФМ дополнително информираат дека е обезбеден и превоз во двата правци – од фан-зоната до стадионот и назад. Тргнувањето кон стадионот ќе биде во 18:45 часот. На промотивниот флаер, преку QR-код, може да се провери и точната локација на собиралиштето.

На трибините во Гент се очекува македонската репрезентација да има силна поддршка – околу илјада наши навивачи ќе бидат присутни на натпреварот кој почнува во 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Талентираниот 18-годишник избега од Јунајтед: Црвените ѓаволи не се откажуваа, но и Арсенал се јави

Манчестер Јунајтед го посакуваше 18-годишниот фудбалер на Лестер, но трансферот не се реал…