Дома Фудбал Поразот во Севиља пресуди на ѕвездата на Барселона

Поразот во Севиља пресуди на ѕвездата на Барселона

Барселона за време на викендот доживеа тежок пораз на гостувањето кај Севиља (4:1), а мечот во Андалузија, изгледа, пресуди за ѕвездата на каталонскиот клуб.

Сепак, деталот кој го обележа мечот во Севиља се случи во 76. минута, поради што најголемата ѕвезда на Барселона се најде на жестока мета на критики.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Станува збор за полскиот напаѓач Роберт Левандовски, кој очајно изведе пенал и ја пропушти шансата да израмни на 2:2 и целосно да ја врати Барселона во мечот, но тоа не успеа да го направи.

Навивачите на Барселона жестоко го искритикуваа Левандовски на социјалните мрежи по поразот во Севиља, а според шпанските медиуми и челниците на каталонскиот клуб биле исклучително незадоволни од неговата игра.

Левандовски има договор со Барселона до крајот на оваа сезона со опција за продолжување на уште една година, но како што објави Мундо Депортиво, од тоа нема да има ништо, бидејќи Каталонците одлучиле дека Полјакот повеќе не им е потребен.

Колку се незадоволни од тоа што Лева го направи во Севиља, најдобро покажува фактот дека по враќањето во Барселона контактирале со неговиот агент и му соопштиле дека од преговорите за продолжување на договорот нема ништо.

Не е тајна дека Барселона веќе извесно време размислува за промена на напаѓачот и како што стојат работите, мечот во Севиља беше пресуден во одлуката дека Левандовски по оваа сезона повеќе нема да им биде потребен.

Првата желба на Барселона е Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид, за кого се подготвени да платат и над 100 милиони евра, бидејќи се свесни дека неговото доаѓање ќе биде огромно засилување, имајќи предвид дека игра во фантастична форма.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најавите стануваат се погласни: Хари Кејн ќе бидде „бомбата“ на следното лето!

Трансфер сагата меѓу Хари Кејн и Барселона сè уште се развива!  Мундо Депортиво денес ја в…