Дома Фудбал Руни за формата на Салах, смета дека проблемот е во Вирц и Исак!

Руни за формата на Салах, смета дека проблемот е во Вирц и Исак!

Легендарниот стрелец на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, смета дека една од главните причини за лошата форма на Ливерпул е преголемото его на некои од играчите во тимот.

Како главен пример го наведува Мохамед Салах.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


“Врвните играчи поседуваат его, а Салах е долго време еден од најдобрите во лигата. Можно е дека неговото его е повредено по доаѓањето на Александер Исак и Флоријан Виртц.

За овој двоен трансфер, клубот вложи неверојатни 240 милиони фунти.

Понатаму, Руни го прашува Салаховото залагање во одбраната.

“Сметам дека поискусните и постарите играчи во тимот, како Вирџил ван Дајк, треба да му пренесат дека мора да се врати на одбранбените задачи”, изјави поранешниот напаѓач на Јунајтед.

Инаку, Ливерпул е во лоша серија и загуби три натпревари по ред во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Солскјер се појави во регионот и веќе имал разговор со Манчестер Јунајтед

Од Манчестер Јунајтед веќе се поврзале со Оле Гунар Солскјер во врска со можноста тој да г…