Дома Фудбал Легенда во транс поради Модриќ: Тоа што го кажа ќе ја „стресе“ Италија

Легенда во транс поради Модриќ: Тоа што го кажа ќе ја „стресе“ Италија

Во дербито од шестото коло на Серија А, Јувентус и Милан одиграа без голови во Торино. Трагичар на натпреварот беше Кристијан Пулишиќ, кој во 53-тата минута промаши пенал. Лука Модриќ одигра одлично за гостите и токму по неговите додавања “Росонерите” имаа најдобри шанси.

По скромниот прв дел, играта значително се подобри во продолжението, но голови немаше. Јуве можеше да поведе во 48-та минута преку Гати, но Мањан прекрасно одбрани. Набргу по тоа, Милан доби пенал откако Кели го собори Ѓименез, но Пулишиќ целосно ги промаши вратите.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


До крајот, Леао и Опенда имаа добри шанси, но резултатот не се промени. Така, Милан го прекина низот од пет победи, додека за Јувентус ова беше петтиот последователен реми под водство на Игор Тудор.

Лука Модриќ не зборуваше по натпреварот, но доби пофалби одАлександро Дел Пјеро:

„Погледнете го Милан, поодморени се. Доведоа играчи како Модриќ и Рабио, кои се инспирација во тимот и имаат личност на вистински лидери. Сите тоа го чувствуваат, им ја креваат самодовербата на соиграчите. Милан навистина добро го искористи преодниот рок.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

После Де Брујне и Хојлунд, Наполи носи нова ѕвезда од Премиер Лигата

Наполи, под раководство на Антонио Конте, сериозно се насочи кон засилување на десната стр…