
Судиската комисија при Фудбалската федерација на Македонија информира дека одлуката донесена во 51. минута од натпреварот помеѓу Вардар и Струга Трим Лум, одигран во рамките на 9. коло од Првата македонска фудбалска лига, е исправна.
По преглед на видео снимката, беше потврдено дека по центашутот на Маневски, одбранбен играч на Струга Трим Лум, Илиевски играл со рака во сопствениот казнен простор, по што главниот судија со помош на ВАР технологијата правилно досуди казнен удар во корист на домашниот тим.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Судиската комисија ја потврдува правилноста на одлуката, која е во целосна согласност со Правилата на играта и ВАР протоколот.