Дома Кошарка Искри на паркетот меѓу Јокиќ и Гобер: Србинот покажа дека е голем човек (Видео)

Искри на паркетот меѓу Јокиќ и Гобер: Србинот покажа дека е голем човек (Видео)

Кошаркарите на Денвер Нагетс со пораз го отворија претсезонскиот циклус, загубувајќи од Минесота Тимбервулвс со резултат 116-126. Натпреварот не помина без интересни моменти, а вниманието најмногу го привлече постапката на Никола Јокиќ.

Веќе по три минути игра, српскиот ас ја прими топката со грб кон Руди Гобер. Во борба за подобра позиција, неговата рака ненамерно го закачи францускиот центар по лицето, но судиите не видоа потреба за интервенција.

Набрзо потоа, Гобер одговори со силен туркај при обид на Јокиќ за продор – ситуација која можеше да заврши и со посериозен инцидент. Наместо тоа, сцената доби поинаков епилог. Јокиќ му ја подаде раката на Гобер и двајцата се прегрнаа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Реал ја решета Црвена звезда: 17 тројки и убедливи 105-84 во Мадрид!

Реал Мадрид постигна 38 поени уште во првата четвртина и ја совлада Црвена звезда со 105-8…