
Алекс Переира е новиот УФЦ шампион во полутешка категорија. Бразилецот победи со технички нокаут во првата рунда на УФЦ 320 настанот во Лас Вегас против Магомед Анкалаев.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Страшниот Бразилец Алекс Переира повторно е на врвот на УФЦ-овата полутешка категорија. Седум месеци по загубата на појасот од Магомед Анкалаев, ‘Поатан’ во Лас Вегас покажа дека е секако подобар борец од Дагестанецот.
Сè беше експресно завршено. Борбата траеше нешто помалку од минута и половина кога судијата ја прекина борбата.
Переира погоди моќен десен кроше кое седна на слепоочницата на дагестанскиот борец и веднаш беше јасно дека е потресен. Анкалаев проба да излезе од ситуацијата со обид за соборување, но не успеа да го направи тоа по ваквиот удар и само му овозможи на Переириа да дојде во позиција за завршување на мечот.
Тоа и се случи. Анкалаев на подот добиваше брутални удари, седеа жестоки лакти и судијата го прекина мечот после нешто повеќе од минута борба.
ALEX FUCKING PEREIRA
— Barstool Sports (@barstoolsports) October 5, 2025
NIGHT NIGHT @SpinninBackfist https://t.co/LmjCuL5CwR