
Златан Ибрахимовиќ вчера го прослави својот 44. роденден, и како и секоја година, ја продолжи својата традиција. Се почестил со нов луксузен автомобил, а изборот го сподели на социјалните мрежи со пораката: “Среќен роденден Златане”, пишува Афтонабладет.
Неговата гаража е збогатена со Ferrari F80, најновиот хиперавтомобил од Маранело. Автомобилскиот експерт Матс Нилсон објаснува дека ова беше логичен потег за славниот фудбалер. “Целосно е во право што го купува, така неговата колекција на модерни „ѕверки“ од Ferrari е завршена,” рече Нилсон.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Во галеријата погледнете ги деталите за автомобилот што го купил за својот 44. роденден и какви имал во текот на изминатите години.
.