Дома Останати Кошарка Загина кошаркарски тренер во тешката сообраќајка во Хрватска

Загина кошаркарски тренер во тешката сообраќајка во Хрватска

Џереми Гамбен беше тренер на Луксол, а некогаш и репрезентативец на Малта.

Четири лица загинаа во страотна сообраќајна несреќа која се случи во четврток во местото Бунице кај Сењ.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тогаш автомобилот излета во бездна длабока 70 метри и заврши во Јадранското море и сите четворица патници настрадаа.

Сега се откриени и идентитетите на загинатите, а еден од нив е и познатиот кошаркарски тренер, Џереми Гамбен. Гамбен инаку беше тренер на Луксол, а како играч ја претставуваше Малта на Игрите на малите европски држави во 1987 година во Монако. Гамбен работел и како професор по физичка култура во фондацијата Свети Михаил.

Во несреќата настрадала и неговата сопруга, Лорен, чијa службено име е Синтија, додека заедно со нив настрадаа и Кевин и Александра Боничи.

Од Џереми и Лорен Гамбен се прости нивната ќерка, Илона Басби:

– Нашето семејство навистина беше благословено и среќно што ги имаше нашите прекрасни родители во нашиот живот и не можевме да посакаме повеќе. Засекогаш ќе бидам горда што можам да кажам дека сум нивна ќерка – напиша Илона на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Првиот кошаркар кој удри во големата тепачка во НБА-лигата испрати порака (Видео)

Натпреварот помеѓу Детроит Пистонс и Шарлот Хорнетс беше засенет од жестока тепачка на тер…