Дома Фудбал Првиот човек на ФФМ стана член на една од најважните комисии во УЕФА!

Првиот човек на ФФМ стана член на една од најважните комисии во УЕФА!

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, доби ново високо признание на европско ниво – тој стана член на престижната „Хет-трик“ комисија на УЕФА, орган кој управува со распределбата на огромни финансиски средства за развој на европскиот фудбал.

На првата средба во Каунас, Омерагиќ беше поздравен од претседателот на комисијата, Карл-Ерик Нилсон. Македонскиот функционер истакна дека неговото именување доаѓа во исклучително важен период за нашиот фудбал.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Чест и голема одговорност е што УЕФА ме вклучи во ова тело кое има клучна улога во одлучувањето за инфраструктурни инвестиции и едукативни програми на националните федерации. Сакам да се заблагодарам на претседателот Чеферин и на Извршниот комитет за довербата. Ќе дадам сè од себе Македонија достојно да биде претставена и да влијаам на процесите што се однесуваат на развојот на националните асоцијации“, порача Омерагиќ.

„Хет-трик“ програмата на УЕФА, која важи за најголемиот развоен проект во европскиот фудбал, минатата година го усвои новиот четиригодишен план (2024–2028) вреден 3,5 милијарди евра. Средствата ќе бидат насочени кон подобрување на инфраструктурата и унапредување на програмите за развој низ цела Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим: Проблемот не е во системот, туку во начинот на кој ги правиме работите

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, изјави дека утрешниот противник на тимот, С…