Дома Фудбал Готово: Синот на Зидан ја избра новата репрезентација!

Готово: Синот на Зидан ја избра новата репрезентација!

Голманот на Гранада и син на славниот Зинедин Зидан, 27-годишниот Лука Зидан, ја прифати поканата да настапува за репрезентацијата на Алжир во претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство 2026 година. Националниот тим на Алжир во следните кола ќе се соочи со селекциите на Сомалија и Уганда.

Лука е роден во францускиот град Екс-ан-Прованс и претходно настапувал за младинските репрезентации на Франција. Сепак, никогаш не бил дел од главниот тим, што му овозможи да ја смени спортската националност. Благодарение на алжирските корени од татковата страна, обезбеди потребна документација и сега за првпат ќе го облече дресот на земјата од каде што потекнуваат неговите предци.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Семејството Зидан потекнува од село близу градот Бејаја, сместен над 250 километри источно од главниот град на Алжир. Зинедин Зидан, легенда на францускиот фудбал, повеќепати ја посетувал земјата на своите родители по завршувањето на професионалната кариера во 2006 година, каде секојпат бил пречекан со голема почит и емоции.

Лука Зидан своите први чекори во професионалниот фудбал ги направи во младинската школа на Реал Мадрид, каде што забележа неколку настапи за првиот тим, во времето кога неговиот татко беше главен тренер на “Кралскиот клуб”. Потоа играше на позајмица во Расинг Сантандер, а носеше и дресовите на Рајо Валекано и Еибар. Од 2024 година ги брани боите на шпанската Гранада.

Репрезентацијата на Алжир моментално држи прво место во група Г од африканските квалификации за Светското првенство. Уште една победа може да биде доволна за тимот да си обезбеди учество на сцената на најдобрите репрезентации во светот во 2026 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн има страшен старт на сезоната – девет победи на девет меча!

Баерн Минхен ја започна сезоната на фантастичен начин – со максимален ефект во сите …