Дома Фудбал Тежок удар за Слот: Еден од најважни ќе биде надвор од терените во пеколен период!

Тежок удар за Слот: Еден од најважни ќе биде надвор од терените во пеколен период!

Алисон Бекер, првиот голман на Ливерпул, ќе мора да пропушти осум натпревари од својот тим, вклучувајќи ги и средбите со Челси, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Реал Мадрид.

Бразилскиот чувар на мрежата се здоби со уште една повреда на тетивата, четврта во последните две години, за време на натпреварот од Лигата на шампионите против Галатасарај, кој Турците го добија со резултат 1:0.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Оваа вест ќе биде потврдена од Арне Слот пред натпреварот со Челси, а се очекува Бекер повторно да биде на терен дури кон крајот на ноември или почетокот на декември.

Минатата година Алисон пропушти вкупно 31 натпревар за клубот и репрезентацијата поради повреди. Откако потпиша за Ливерпул во 2018, тој пропушти 55 натпревари. Сега оваа бројка ќе се зголеми на најмалку 63.

Него ќе го замени Грузиецот, Мамардашвили кој уште чека на деби за „црвените“.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатна голеада во Лигата на шампионите: Ова не се случило 60 години!

Оваа година осминафиналните натпревари беа не само возбудливи, туку и историски од статист…