Дома Фудбал Мурињо направи хаос во Португалија пред мечот меѓу Ц. Звезда и Порто

Мурињо направи хаос во Португалија пред мечот меѓу Ц. Звезда и Порто

Жозе Мурињо направи хаос пред натпреварот Порто – Црвена Звезда. Мурињо, кој во 2004 година го водеше Порто до европскиот врв и освојување на Лигата на шампионите, сега го води лутиот ривал на оваа екипа, Бенфика.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во недела, во рамки на 8. коло од португалското првенство, ќе биде одигран токму дербито помеѓу Порто и Бенфика, a Мурињо, по натпреварот на неговиот тим во Лондон против Челси, го спомна следниот ривал.

Бенфика во второто коло на Лигата на шампионите загуби со резултат од 1:0, но „специјалниот” беше задоволен од тоа што го виде кај неговите фудбалери.

Им кажав на момците дека Челси е подобар од Порто. Ако дојдовме овде и вака игравме, мораме да бидеме позитивни во врска со идните натпревари“, рече Мурињо по натпреварот.

А, потоа, во среда, тренерот на Порто, Франческо Фариоли, на прес-конференцијата пред средбата со Ѕвезда беше запрашан за коментар на зборовите на познатиот Португалец.

За мене, ако имате некое прашање за Црвена Ѕвезда, благодарен сум, бидејќи тоа е единственото за кое сакам да зборувам“, рече Фариоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трансфер бомба! Јошко Гвардиол понуден на Реал Мадрид!

Јошко Гвардиол е понуден на Реал Мадрид, пренесува угледниот шпански медиум AS. Зошто проб…