Дома Фудбал Леао му се извинувал на Модриќ пред целиот „Сан Сиро“ – позната е причината зошто!

Леао му се извинувал на Модриќ пред целиот „Сан Сиро“ – позната е причината зошто!

Рафаел Леао на натпреварот на Милан против Наполи на Сан Сиро направи потег што ги воодушеви насобраните навивачи и италијанските медиуми. Откако ја изгуби топката во непријатен момент и така создаде изгледна шанса за Наполи, Леао веднаш му пристапи на Лука Модриќ (40) и пред сите му се извини. Овој детал дополнително го нагласи колкав авторитет и почитување има Модриќ во соблекувалната на Милан.

Карло Пелегати изјави за TMW Radio: „Топката стигна до Леао, тој ја загуби и веднаш му се извини на Модриќ. Тоа покажува колку значи Лука за оваа екипа.” Под тренерот Алегри, Милан изгледа организирано и дисциплинирано, така што Томори ги пренесе првите зборови на тренерот: “Првата порака на Алегри беше дека не сака да гледа играчи што лошо се движат по теренот.”

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


Средината на теренот, каде што Модриќ и Адриен Рабиот формираат клучен двоец, добива посебни пофалби: “Нивното партнерство е неверојатно. Комбинацијата на техника, визија и дефанзивна сила му дава на Милан рамнотежа и контрола на натпреварите”, нагласи Пелегати.

Модриќ досега одигра пет натпревари во Серија А за екипата на Милан. Дебитираше со 74 минути против Кремонезе, одигра 81 минута против Удинезе, а во полна минутажа настапи во двобоите со Лече, Болоња и Наполи. Против Лече беше асистент, а против Болоња стрелец за победата од 1:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Францускиот репрезентативец од Рома: Клуб како Интер ако ме сака, тоа е позитивно за мене

Играчот на Рома Ману Коне даде интервју за „Кориере дела сера“, каде што беше прашан колку…