
Кога пристигна на клупата на Манчестер Јунајтед, очекувањата на прво место од навивачите, а потоа и од управата на овој клуб за Рубен Аморим беа навистина големи.
Сега, по новиот пораз на овој тим, овој пат во гостите кај Брентфорд, притисокот на Рубен Аморим расте, а како што стојат работите, неговите денови на Олд Трафорд се одброени.
Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска
Во моментот екипата на Манчестер Јунајтед е на 14-то место на табелата и освои само седум поени во шест одиграни натпревари. Новиот пораз донесе нови разочарувања за навивачите и за управата на овој клуб, а повторно фатални беа грешките во одбраната. Сето тоа донесе и нови прашања околу формацијата 3-4-3 на Аморим од која едноставно не се откажува.
Иако во Манчестер Јунајтед се надеваа дека Аморим и неговата екипа ќе заиграат подобро и дека Португалецот ќе добие шанса да ја води екипата до крајот на сезоната, па тогаш да му се суди, работите очигледно се променија.
Еден тренер веќе се споменува како главен кандидат за замена и наводно само го чека повикот на челните лица од Олд Трафорд за да го преземе овој тим.
Станува збор за Оливер Гласнер, човек кој од јануари 2024 година е тренер на Кристал Палас и кој со оваа екипа направи некои навистина феноменални работи.
Така тимот од Лондон со Гласнер освои ФА куп и Комјунити Шилд и оваа сезона се единствената екипа која не доживеа пораз во Премиершипот по пет одиграни натпревари.
Кристал Палас не забележа пораз ниту во едно натпреварување уште од кога ги совлада Њукасл со 5:0, а тоа беше во април. Потоа Кристал Палас одигра 17 натпревари…
Гласнер беше во центарот на вниманието и за време на премиерниот период кога наводно му се закани на челните лица на Кристал Палас дека ќе поднесе оставка доколку му го продадат капитенот Марк Гејхи.
Неговиот договор со тимот од Лондон истекува на крајот на сезоната, но многу порано наводно би требало да замине, и да стане новиот тренер на Манчестер Јунајтед.