
Барселона се пофали со извонреден рекорд, кој многумина сметаа дека е невозможен за достигнување. По победата со 2:1 против Реал Сосиедад во Ла Лига вчера, тимот на Ханзи Флик веќе постигнал гол во 44 последователни натпревари во сите турнири.
Ова достигнување е изедначен рекорд кој датира од времето на Втората светска војна. Тогаш, меѓу 22 ноември 1942 г. и 6 февруари 1944 г., тимот на Барселона, предводен од Хуан Хосе Ногес, исто така постигна барем еден гол во 44 последователни средби. Ниту „Дрим тимот“ на Јохан Кројф, ниту во ерата на Лео Меси, „блаугранас“ не успеаја да го достигнат овој низ.
ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*
Тековниот низ започнува на 21 декември 2024 г. со домашен пораз од 1:2 против Атлетико Мадрид, откако тимот не успеа да постигне гол во претходниот натпревар – пораз од 0:1 од Леганес. Оттогаш се поминати 44 натпревари и девет месеци, во кои Барса не пропушта да постигне гол. Серијата на тимот на Ханзи Флик вклучува и натпревари од Лигата на шампионите и Суперкупот на Шпанија.
Под водство на Германецот, Каталонците импресионираат со напаѓачкиот и резултатен фудбал. За изминатата сезона 2024/25, „блаугранас“ постигнаа 174 гола во сите натпреварувања, што беше во првите 3 најрезултатни сезони во историјата на клубот.