Дома Фудбал Вакво промашување од пенал не сте виделе порано: Најлошата „паненка“ во Бразил! (Видео)

Вакво промашување од пенал не сте виделе порано: Најлошата „паненка“ во Бразил! (Видео)

Коринтијанс синоќа беше поразен на својот терен од Фламенго со 2:1 во натпреварот од 25. коло на бразилската Серија А, а трагичар беше Јури Алберто поради најлошо изведениот пенал што сме го виделе во последните години на фудбалската сцена.

Во дербито од 25. коло Коринтијанс не успеа да освои бодови против лутиот ривал Фламенго кој, по пресвртот, успеа да дојде до победа и на крај славеше со 2:1.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Сите голови ги видовме во второто полувреме, а домаќините одлично го започнаа вториот дел од натпреварот и веќе во 47-та минута поведоа со 1:0 кога Јури Алберто ја затресе мрежата на Фламенго на радост на домашните навивачи.

Сепак, славјето не траеше долго со оглед на тоа дека Фламенго само осум минути подоцна успеа да израмни на 1:1.

Се играше 55. минута кога Де Арасакета израмни на 1:1 откако одлично беше асистиран од Карраскал.

До конечниот пресврт Фламенго стигна во самиот финиш на средбата. Карраскал запиша втора асистенција, а погодокот за пресврт и победа на гостинскиот тим го постигна Луиз Араужо.

Иако Јури Алберто беше единствениот стрелец за Коринтијанс во овој дуел, на крајот токму овој играч беше прогласен за трагичар на натпреварот.

Јури Алберто се срамотеше за сите времиња на почетокот на натпреварот кога домашниот тим успеа да издејствува пенал, а токму тој реши да ја преземе одговорноста.

Алберто сметаше дека е одличен момент да изведе „паненка“ во 14-та минута, но се покажа дека тоа беше целосен промашување. Играчот на Коринтијанс ужасно шутна бидејќи топката едвај стигна до голманот на гостите кој лесно ја улови во раце и го одбрани пеналот.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лапорта ги израдува навивачите: Важен потпис во Барселона, клаузулата е 500 милиони евра!

Како што беше објавено во текот на минатата недела,Барселона официјално го соопшти обновув…