Дома Фудбал Ибрахимовиќ објави снимка од теретана: Сила на природата (Видео)

Ибрахимовиќ објави снимка од теретана: Сила на природата (Видео)

Златан Ибрахимовиќ се пензионираше по сезоната 2022/23 по блескава кариера во која освои 34 трофеи и постигна над 550 голови. Еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња, познат не само по головите, туку и по самоувереноста и хуморот, дури ни две години по пензионирањето не губи на сила и форма.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Причината за тоа веројатно е и напорната работа во теретана од каде на својот Instagram објави видео со опис „сила на природата“. Ибрахимовиќ, кој за пет дена ќе го прослави 44. роденден, и натаму е мускулест и моќен, што го докажа со вежби со тегови.

Ибрахимовиќ одигра најмногу натпревари (180), постигна најмногу голови (156) и запиша најмногу асистенции (62) играјќи за ПСЖ. Со францускиот клуб освои и најмногу трофеи (12). Титули славеше и во дресот на Ајакс, Интер, Барселона, Милан и Манчестер јунајтед, а играше уште за Малме, Јувентус и Лос Анџелес Галакси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…