Дома Останати Кошарка Легенда тврди: Јокиќ во 90-тите сигурно не би доминирал во НБА!

Легенда тврди: Јокиќ во 90-тите сигурно не би доминирал во НБА!

Еден од најдобрите крилни играчи во историјата на кошарката, Скот Пипен, во нтервју за „Марка” разговараше за повеќе теми.

Шесткратниот НБА шампион со Чикаго Булс и најверниот соиграч на Мајкл Џордан зборуваше и за Никола Јокиќ, актуелниот најдобар кошаркар, кој игра за Денвер Нагетс.

„Во 80-тите и 90-тите години кошарката беше доста физички интензивна, играше се на целиот терен. Дали Јокиќ би можел да се справи со таков притисок? Не сум сигурен. Тој има извонредно читање на играта и одлично ги асистира соиграчите. Но, не сум убеден дека би можел лесно да ги прикаже најдобрите страни на неговата игра. Сигурно не би бил толку доминантен како сега“, изјави Пипен.

Во последните две децении, критериумите за судење значајно се изменија.

„Кошарката денес е многу поофанзивна во споредба со тогаш. Правилата се променети за да се заштитат подобрите стрелци. Класичните центри се заменети со играчи кои одлично шутираат тројки. Позиционата игра е заменета со фокус на индивидуалните способности“.

Секогаш е интересно да се зборува за односот меѓу Скот и Мајкл Џордан.

„Никогаш не бев близок со Џордан“, кратко забележа Пипен.

Кога беше прашан да ја состави најдобрата постава во историјата, славниот број 33 од Булс ги спомена следните имиња.

„Меџик, Џордан, Пипен, Мелоун, Расел“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Стеф Кари испиша нова историја во НБА лигата: Со новиот договор урна неверојатен рекорд

Стеф Кари потпиша нов двегодишен договор со Голден Стејт Вориорс вреден 116 милиони долари…