Дома Фудбал Нова комедија: Топката лета во шеснаесетникот, а погледнете што прави Мегваер (Видео)

Нова комедија: Топката лета во шеснаесетникот, а погледнете што прави Мегваер (Видео)

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед загубија на гостински терен кај Брентфорд со резултат 3:1. Предводник кон победата на домашните беше Игор Тиаго со два гола, додека за Црвените ѓаволи погоди Бенџамин Шешко. Можеше да израмни Бруно Фернандеш, но неговиот удар од белата точка го одбрани домашниот голман. Во последните мигови, конечниот резултат го постави Матијас Јенсен.

Комична ситуација се случи во 16-тата минута при центаршут во шеснаесетникот на Манчестер Јунајтед, при водство на Брентфорд од 1:0. кога Хари Магваер, се обиде да ја освои топката, но наместо тоа, го зграби со раце својот голман Алтај Бајиндир. Со тоа го спречи голманот на сакавниот начин да стигне до топката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шаќири откри зошто ги провоцираше Србите со албанскиот орел

Швајцарскиот фудбалер Џердан Шаќири даде опширно интервју за швајцарската телевизија (СРФ)…