Дома Фудбал Нова афера за Јамал: Има „календар со девојки“, неговиот менаџер му закажува средби

Нова афера за Јамал: Има „календар со девојки“, неговиот менаџер му закажува средби

Минатото лето се појави скандал што го вклучи Ламин Јамал, тогаш 17-годишен и ѕвезда на Барселона, и инфлуенсерката Фати Васкез, со која јавно беше поврзан поради заедничкиот одмор во Италија. Разликата во годините и фактот дека Јамал беше малолетен предизвикаа осуди и закани.

Фотографии од Пантелерија, како и совпаѓање во објавите, како истиот базен, приватен авион и хеликоптерски интериер, поттикнаа сомнежи. Папараците објавија снимки од возење на воден скутер. Прво, двајцата негираа поврзаност. Јамал преку новинари испрати порака дека “категорично негира дека има нешто со неа”, додека Васкез тврди дека “ништо лошо не се случило” и објави правни чекори поради заканите.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Неколку месеци подоцна, Васкез реши да ја изнесе својата страна од приказната и откри детали за младиот фудбалер.

“Ламин Јамал не е толку скромен. Излегов со него и сметам дека не е добро советуван. Го запознав неговиот најблизок круг и, гледајќи како го водат, мислам дека не носи правилни одлуки”, изјавила таа. Продолжи со навод дека “со 17 години, излегува по ноќни клубови, присуствува на забави или носи 10 девојки на бродот во Ибица”, што е разбирливо дека папараци ќе го забележат на такво популарно место.

Таа изнесе и непријатен детал: “Пред да излезе со мене, Ламине Јамал беше со друга девојка претходниот ден. Ова го сфатив преку некои објавени фотографии, а таа девојка ми се јави и рече: ‘Дали беше со Ламине? Јас си заминав ден пред да дојдеш ти’…” Најтешкото обвинување следеше потоа. “Агентот на Ламин му води календар, планирајќи ги деновите со девојките со кои излегува. Ламине има календар на девојки.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ибрахимовиќ објави снимка од теретана: Сила на природата (Видео)

Златан Ибрахимовиќ се пензионираше по сезоната 2022/23 по блескава кариера во која освои 3…