Дома Фудбал Атлетико го декласира Реал Мадрид – пет гола во мрежата на Куртоа (Видео)

Атлетико го декласира Реал Мадрид – пет гола во мрежата на Куртоа (Видео)

Фудбалерите на Атлетико Мадрид го совладаа Реал со 5:2 на својот стадион, во рамките на седмото коло од Ла Лига, односно 177. „Мадридско дерби“.

Кој го гледаше „Мадридското дерби“, уживаше во неверојатен спектакл, вкупно седум голови со многу пресврти и на крајот убедлива победа на Атлетико Мадрид.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Одлично започнаа „Јорганџиите“ во мечот и дојдоа до водство веќе во 14. минута. Робин Ле Норман го следеше центаршутот на Ѓулијано Симеоне и со глава го надмудри Тибо Куртоа за 1:0.

Продолжи притисокот на Атлетико, но Реал се бранеше добро во продолжението, а потоа првата шанса ја претвори во израмнување.

Поминуваше 25. минута кога Килијан Мбапе по удвојката со Арда Гулер ја смести топката зад грбот на Јан Облак – 1:1.

Не помина многу време, а следуваше целосен пресврт. Интересно, втората шанса на Реал исто така беше крунисана со гол. Во 36. минута, Винисиус Жуниор го пронајде Гулер, кој погоди за 2:1, а еден од играчите кој погреши беше Ле Норман, стрелецот на првиот гол за Атлетико.

Не се предадоа избраниците на Диего Симеоне, туку повторно силно нападнаа на Реал, едвај Клеман Ленгле не израмни во 44. минута, точно наместо да ја затресе мрежата, дојде реакција од ВАР собата и погодокот беше поништен.

Сепак, четири минути подоцна, во продолжението на првото полувреме, Алаксандер Сорлот го следеше центаршутот на Коке и погоди за 2:2.

Првото полувреме заврши нерешено, а потоа следуваше спектакл во вториот дел од мечот.

Голема грешка направи Гулер во 50. минута кога сакаше да интервенира во својот казнен простор, високо ја подигна ногата и го удри Нико Гонзалес по лицето.

Главниот судија немаше дилема и покажа на белата точка. Кратко траеше проверката на целата ситуација, а потоа Алварес беше сигурен од 11 метри. Погоди за 3:2.

Атлетико продолжи да доминира, а речиси го реши прашањето на победникот во 64. минута, кога постигна спектакуларно од слободен удар за 4:2.

Реал немаше одговор на сјајната игра на Атлетико, а крај на мечот стави Антоан Гризман во третата минута од продолжението, кога погоди за 5:2.

Реал моментално е на првото место на табелата со 18 бодови, но два повеќе од Барселона која има натпревар помалку, додека Атлетико е на 4. позиција во Ла Лига со 12 бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Уништенa e кариерата на големата ѕвезда, не може повеќе да направи ни чекор: Се молам за чудо

Некогашната фудбалска ѕвезда Жерард Деулофеу е веќе речиси три години надвор од теренот. З…