Дома Фудбал Ново разочарување за Манчестер јунајтед: Првенецот на Шешко не беше доволен, Бруно Фернандеш промаши пенал (Видео)

Ново разочарување за Манчестер јунајтед: Првенецот на Шешко не беше доволен, Бруно Фернандеш промаши пенал (Видео)

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед продолжуваат со своите непредвидливи настапи, еден чекор напред, два назад. Овој пат, нов пораз на Црвените ѓаволи им приреди тимот на Брентфорд со резултат 3:1.

Домашните Пчелки ја искористија почетната еуфорија и во првите дваесетина минути со “блицкриг” дојдоа до трите бода. Бразилецот Игор Тиаго беше двигател на два гола за Брентфорд во 8. и 20. минута, создавајќи големо водство за домаќините.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


До крајот на првото полувреме, Јунајтед успеа да внесе надеж за поинтересен натпревар. Во 26. минута, Бенџамин Шешко го постигна својот прв гол за Црвените ѓаволи и навести подобра игра по нестабилниот почеток во англиското фудбалско првенство.

Со резултат 2:1 се замина на пауза, а во вториот дел се гледаше борба со многу тензија и прекршоци.

Еден таков прекршок резултираше со пенал за гостите. Брајан Мбеумо беше повлечен одзади додека беше сам пред голот на Брентфорд, а судијата Крег Песон со право покажа на белата точка.

Сепак, човекот кој беше познат по неприкосновеноста од пеналите, Бруно Фернандеш промаши. Поточно, неговиот шут беше одбранет од Каоимин Келехер. Ова за Португалецот е втор промашен пенал оваа сезона во Премиер лигата, а шести во целокупното натпреварување во дресот на Јунајтед.

Јунајтед продолжи со напади до крајот на натпреварот, но не успеа да извлече барем бод, и доживеа ново неочекувано разочарување. Дополнително, прими и трет гол во последни секунди, откако Матијас Јенсен одлично погоди од далечина во 96. минута и го реши натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Инцидент во Втора лига: Прекин на натпреварот Кожуф – Скопје (Видео)

Инцидент го одбележа денешниот натпревар од Втората лига меѓу Кожуф и Скопје во Гевгелија.…