Дома Фудбал Аларм во ПСЖ, најдобриот фудбалер на планетата неизвесен за дербито против Барселона

Аларм во ПСЖ, најдобриот фудбалер на планетата неизвесен за дербито против Барселона

Тренерот на Пари Сен Жермен Луис Енрике не може да смета на мечот против Оксер во сабота поради повреди на Жоао Невес, Дезире Дуе, Усман Дембеле и Маркињос, беше соопштено од клубот.

Како што се наведува, Невес, Дуе и Дембеле би можеле да се опорават до среда и гостувањето кај Барселона во второто коло од Лигата на шампионите, додека Маркињос речиси сигурно ќе го пропушти тој меч, бидејќи беше соопштено дека ќе отсуствува уште неколку недели.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Оваа вест пристигна само неколку дена откако Усман Дембеле беше прогласен за најдобар фудбалер во светот, откако ја доби престижната Златна топка. Следната недела треба да игра против поранешниот клуб, во кој не покажуваше ни приближно добри партии како во Франција.

ПСЖ утре од 21:05 часот го пречекува Оксер во натпреварот од шестото коло на француската Лига еден. По четири одиграни кола, шампионите на Франција со 12 бодови го делат првото место на табелата со Монако, Лион и Стразбур.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Италијанскиот гигант тргнува по младата ѕвезда на Лил

Фудбалскиот клуб Лил во последниве години е познат по афирмацијата на млади и талентирани …