
Големиот талент на Ливерпул, 17-годишниот Рио Нгумоа, потпиша нова долгорочна соработка со клубот до 2028 година. Младиот напаѓач доби значително подобрени услови по неговите импресивни настапи со првиот тим оваа сезона, пишува Дејли Мејл.
Според договорот, неговата годишна плата ќе изнесува 52.000 фунти (околу 60.000 евра), што е максималната дозволена сума за професионалец во првата година на договорот со Ливерпул и вклучува можности за бонуси. Ова е значителен напредок од претходната годишна стипендија од 14.400 фунти (околу 16.500 евра).
ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*
Ливерпул чекаше Нгумоа да наполни 17 години за да му понуди професионален договор. Според правилата на Англиската фудбалска асоцијација (FA), максималната должина на договорот за играч на неговата возраст е три години.
Нгумоа остави одличен впечаток во првиот тим и ужива голема доверба од тренерот Арне Слот. Брзо напредуваше низ младинските категории до 18 и 21 година, додека неговиот деби настап во сениорскиот тим беше во јануари против Акрингтон Стенли.
Откако во август постигна победнички гол против Њукасл на својот деби настап во Премиер лигата, запиша уште три настапи, вклучително и во Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид. Со голот против Њукасл стана најмладиот стрелец на Ливерпул во историјата на Премиер лигата, а истовремено и најмладиот играч на клубот кој настапил во европски натпревари.
Се наметна како сигурна замена за Коди Гакпо на левото крило, а неговиот талент е толку видлив што Ливерпул не почувствува потреба да бара замена за Луис Дијаз, кој летово премина во Баерн Минхен.