
Заврши првото коло во Лига Европа, а сега се враќаме на домашните. Пред нас е богат викенд со фантастична понуда. Ова е нашиот предлог тикет за денес.
Леувен – Андерлехт – 2 @ 1.95 во BC.Game
Изгледа дека Андерлехт тешко ја поднесе елиминацијата од квалификациите за конференциската лига, па во наредните три натпревари останаа без победа, поточно запишаа еден пораз и две реми. Сепак таа серија беше прекината во минатото коло каде што го победија тимот на Гент. Леувен пак игра доста слабо и како што стојат работите тие ќе се борат само за опстанок и ништо повеќе бидејќи во 8 изиграни натпревари собраа 7 бода и се на претпоследното место на табелата. Наш предлог за овој натпревар е 2 со квота 1.95 во Bc.Game.
Троа – Анеси – 1 @ 1.67 во 22Bet
ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*
Троа ќе се обидат оваа сезона да се вратат во елитата, а претходното тоа не им одеше од рака. Почетокот на оваа сезона во Лига 2 е одличен и се наоѓаат на второто место после 8 изиграни кола, а на овој натпревар влегуваат со три врзани победи. Анеси пак имаат само 8 бода што е доволно за 12-то место на табелата, а тие имаат амбиции за да го зачуваат статусот во втората француска лига. Домаќините се фаворити, а ние типуваме 1 со квота 1.67 во 22Bet.
Дрогеда – Дери Сити – 2 @ 2.00 во Bet365
Интересно е дека на овие две екипи, последен ривал им беше Шелбурн. Судејќи по тие дуели, Дрогеда победи, додека Дери ремизираше, па логиката „вели“ дека домаќините би требало да бидат поблиску до победа, но не е баш така. Дрогеда во моментов е на 5-та позиција со 46 бода, а Дери е на третото место со четири бода повеќе и тоа е последната позиција која води во Европа. Според моменталната ситуација, ние очекуваме Дери да ги земе трите бода и да победи, па типуваме 2 со квота 2.00 во Bet365.
ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 6.51
*Коефициентите од Bet365 се преземени на 26.09.2025 во 08:30 часот*
Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk