
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, потврди дека сопствениците од “Фенвеј Спортс Груп” го исплатиле до крај семејството на Диого Жота по неговата трагична смрт во почетокот на јули. Португалскиот напаѓач загина во сообраќајна несреќа во Шпанија заедно со неговиот брат Андре Силва.
Жота имаше уште две години од неговиот договор со Ливерпул во моментот на смртта, и уште летово португалските медиуми зборуваа дека клубот ќе го плати целиот износ. Слот потврди дека ФСГ бил великодушен, исплатувајќи го целиот договор за финансиски да го помогне семејството на починатиот играч.
“Можеби луѓето мислат дека ова е нормално, но тоа не е во фудбалот”
ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*
“Кажав колку сум горд на реакцијата на навивачите, но сопствеништвото… Сопствениците обично се критикувани, како и менаџерите, но начинот на кој се справија со оваа ситуација, исплатувајќи и на неговата сопруга и децата целосниот износ… Можеби луѓето мислат дека тоа е нормално, но во фудбалот тоа не е”, истакна тренерот на Ливерпул.
Претседателот на клубот, Том Вернер, неодамна зборуваше за чекорите кои клубот ги презеде за да ја поддржи сопругата, Руте Кардозо. “Беше извонредна личност. Не беше сакан само затоа што беше одличен стрелец. Беше сакан затоа што беше искрено добар”, изјави Вернер.
“Секогаш е трагедија кога некој умира предвреме. Но, неговата смрт навистина ги затресе сите бидејќи беше толку сакан. Одма ни беше важно да и се обратиме на неговата вдовица и да се погрижиме да разбере дека сме фамилија. Тоа звучи како клише, но ние навистина се чувствуваме како фамилија и сакавме да се погрижиме да е финансиски добро згрижена, како и нејзините деца”, додаде тој.