Дома Фудбал Престон Лајонс загуби од Пелистер во Битола (Видео)

Престон Лајонс загуби од Пелистер во Битола (Видео)

Фудбалерите на Пелистер денеска во Битола славеа минимална победа над австралискиот Престон Лајонс со 1-0, во нивниот втор пријателски дуел на македонско тло.

Средбата понуди повеќе борба отколку шанси, а пресуден момент беше ситуацијата во второто полувреме кога еден гостински фудбалер играше со рака во својот шеснаесетник. Ударот од белата точка прво го одбрани голманот на Престон, но на одбиената топка реагираа домашните и постигнаа гол за конечни 1-0.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ова за Престон беше прв пораз во Македонија, откако пред два дена во Скопје го совладаа Вардар со убедливи 4-2. Според најавите, австралискиот состав во следните денови ќе одигра уште еден пријателски натпревар, овојпат во Охрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Каков циркус: Вардар сега објави дека го продал Мато во САД!

Ситуацијата околу иднината на Роџерс Мато во Вардар доби епитет на вистинска трансфер-сага…