Дома Фудбал Винисиус за мајсторијата против Леванте: На тоа ме научи Модриќ!

Винисиус за мајсторијата против Леванте: На тоа ме научи Модриќ!

Реал Мадрид минатата вечер во 6-то коло од Ла Лига постигна убедлива победа на гостувањето против Леванте со резултат 4:1.

Кралскиот клуб доминираше во поголем дел од натпреварот, потврдувајќи ја одличната форма на почетокот од сезоната.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Реал поведе во 28. минута кога Винициус постигна прекрасен гол. Само десет минути подоцна, истиот играч ја презеде улогата на асистент – му подаде на младиот Франко Мастантуоно, кој ја зголеми предноста на 2:0.

Леванте успеа да го намали резултатот во 54. минута со голот на Ете Ејонг, но тоа не беше доволно за целосно враќање во натпреварот.

Во продолжението на дуелот, Килијан Мбапе со два гола ја потврди победата на мадридскиот тим и го постави конечниот резултат од 4:1.

Особено се истакна голот на Винициус кој со елегантен удар со надворешниот дел од ногата ја погоди спротивната страна намрежа – потег што веднаш потсети на Лука Модриќ.

По натпреварот, новинар од клупската телевизија го праша Бразилецот како изведе таков шут.

„Ова го научив од Модриќ, нели? Ми недостасува. Задоволен сум од тоа како игравме, бевме добри од самиот почеток до крајот на натпреварот“, истакна Бразилецот

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона не планира да доведе замена за Гави

Порано оваа недела Барселона потврди дека Гави ќе биде надвор од терените во следните 4-5 …