
Поранешниот НФЛ бек и ѕвезда на Синсинати Бенгалс, Руди Џонсон, почина на 45 годишна возраст, потврдиле полицијата на Флорида. Како што објавуваат американските медиуми, Џонсон извршил самоубиство, а трагедијата се случила во вторник наутро.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Џонсон најголемиот дел од кариерата го помина во тимот од Синсинати, каде што играше од 2001 до 2007 година, а една сезона помина и во Детроит Лајонс. Во животот важеше за еден од најсигурните тркајки бекови на својата генерација.
Сопственикот на Бенгалс, Мајк Браун, се огласи по повод трагедијата:
– Руди беше одличен човек и извонреден играч. Со голема тага ја примивме веста за неговата смрт. На семејството и најблиските им изразуваме најискрено сочувство – изјави Браун.