
Фудбалерот на Барселона Гави поради повреда нема да игра од четири до пет месеци, соопшти вечерва шпанскиот клуб.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Како што е наведено на сајтот на Барселона, Гави е подложен на артроскопска интервенција за да се санира повредата на медијалниот менискус.
Гави последниот натпревар за Барселона го одигра пред еден месец против Леванте.
Освен Гави, за Барселона поради повреда моментално не играат и Ламин Јамал, Фермин Лопес, Марк-Андре тер Штеген и Алехандро Балде.
Барселона е на второто место на табелата на Ла Лига со 13 поени, а во четврток ќе гостува кај Овиедо.
.