Дома Фудбал Ханси Флик и Барселона вечерва дознаа многу лоши вести!

Ханси Флик и Барселона вечерва дознаа многу лоши вести!

Ханси Флик и останатиот стручниот штаб на Барселона вечерва дознаа многу лоши вести, а тоа е повредата на еден од главните играчи на нивниот тим, која е посериозна отколку што првично се чинеше.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Избраните на Ханси Флик одлично ја започнаа новата сезона. Во петте одиграни натпревари во Ла Лига досега, тие имаат освоено 13 бода.

Блауграна славеше четири пати, а единствениот пат кога не победија и ремизираа беше во третото коло против Рајо Ваљекано (1:1).

И во Лигата на шампионите започнаа со победа, откако во првото коло од групната фаза на Лигата на шампионите славеа против Њукасл со резултат 2:1.

До сега, Барселона блеска под раководство на германскиот стратег, но вечерва Флик и неговиот стручниот штаб дознаа многу лоши вести.

Како што пренесува најпознатиот спортски новинар во светот – Фабрицио Романо, еден од главните играчи на Барса – Гави ќе биде надвор од терените од 4 до 5 месеци.

Гави на собирот на репрезентацијата на Шпанија заработи повреда на коленото која на прв поглед не изгледаше толку опасна.

По повеќе детални анализи, докторите се согласиле дека младиот играча од средниот ред мора да се оперира, што и се случи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Важен играч на Интер се повреди неколку дена пред финалето

Учеството на Маркус Тирам во финалето за Купот на Италија против Лацио во среда е под сери…