Дома Фудбал Потпишан договор со фирмите, Милан и Интер градат нов “Сан Сиро”!

Потпишан договор со фирмите, Милан и Интер градат нов “Сан Сиро”!

Милан и Интер потпишаа договор со архитектонските фирми “Foster + Partners” и “MANICA” за да овие компании го дизајнираат новиот стадион за овие клубови.

Во изјавата објавена на официјалната страница на Интер, се наведува дека станува збор за „стратегиска инвестиција за иднината и опиплив знак на посветеност на градот Милано, неговата историја, културно, архитектонско и спортско наследство.”

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Стадионот би требало да има 71.500 седишта.

Клучна недела е пред нив, во четврток ќе биде денот кога градскиот совет ќе се состане и ќе го разгледа стадионот, а во понеделник ќе се одржи гласање дали ќе биде одобрена продажбата на сегашниот стадион и околното земјиште.

Ако продажбата биде потврдена, двата клубови ќе добијат зелено светло да продолжат со проектот, сега веќе со архитектонски партнери кои ќе го водат натамошниот развој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тренерот на женскиот Б тим на Валенсија загина со своите три деца

Во саботата Валенсија ги потврди трагичните вести дека тренерот на женскиот Б тим на овој …