Дома Фудбал Арсенал баш нема среќа: Артета остана без големото летно засилување!

Арсенал баш нема среќа: Артета остана без големото летно засилување!

Во последниве неколку години, Арсенал како да нема среќа со повредите.

Нони Мадуејке е последниот на списокот на повредени фудбалери на “Емирaти”.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Иако постоеше страв дека се повредени предните вкрстени лигаменти, повредата не е толку сериозна, но сепак доволно сериозна – Мадуејке ќе паузира два месеца.

По одличната игра во првото полувреме против Сити, Мадуеке почувствува болка во коленото и остана на клупата за резерви. Деталните медицински прегледи покажаа дека ќе биде отсутен на теренот околу два месеца.

За овој период, Арсенал ќе игра значителен број натпревари, а според прогнозите, Мадуеке ќе пропушти околу десетина натпревари.

Сигурно ќе ги пропушти двата дуели во Лигата на шампионите со Олимпијакос, Атлетико Мадрид и Славија во Прага, како и натпреварите со Порт Вејл во Лига купот и натпреварите во Премиер лигата против Њукасл, Вест Хем, Фулам, Кристал Палас, Барнли и Сандерленд.

Во најдобар случај, Мадуеке би можел да се врати за дербито со Тотенхем, закажано точно по два месеца, на 23 ноември.

Да потсетиме, од почетокот на сезоната повреди се случија на Сака, Одегард, Хаверц, а минатата сезона долги паузи имаа и Сака и Одегард, додека Жезус сè уште е надвор од терените, како и Хаверц…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи го продолжи договорот со стандарден првотимец!

Актуелниот шампион на Италија, Наполи, успешно ја започна новата сезона и единствено тие и…