Дома Фудбал Го потсети што велеше минатата година: Бетис го исмејуваше Винисиус по изборот за „Златната топка“

Го потсети што велеше минатата година: Бетис го исмејуваше Винисиус по изборот за „Златната топка“

Осман Дембеле (28), крилниот напаѓач на ПСЖ и Франција, ја освои Златната топка што ја доделува магазинoт Франс Фудбал за 2025 година. Најпрестижната индивидуална награда во фудбалот веќе три години не се доделува според учинокот во календарската година, туку според постигнатото во претходната сезона.

Дембеле минатата сезона за ПСЖ одигра 60 натпревари, постигна 37 и асистираше за 15 голови, освојувајќи ја Лигата на шампионите, првенството на Франција и националниот куп. Со објава на социјалните мрежи по церемонијата во Париз Бетис го исмејуваше Бразилецот.с.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Минатата година, разочаран што Златната топка не ја доби тој, туку Родри, Винисиус објави статус: “Ќе го направам тоа десет пати ако треба. Тие не се подготвени”. Оваа година Винисиус заврши на 16-то место во конечниот пласман за Златната топка. Сега, Бетис со објавата за Златна топка и кој е нејзиниот освојувач, додаде статус “Админот ќе го направи тоа 10 пати ако треба. Тие не се подготвени.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еве кои досега обезбедија пласман на Светското првенство

ОД 48 РЕПРЕЗЕНТАЦИИ, колку што ќе учествуваат следното лето на Светското фудбалско првенст…