
Пред нас е почетокот на лига фазата од Лига Европа, па со тоа и понудата е фантастична. Ова е нашиот предлог тикет за денес.
Фрајбург – Базел – ГГ @ 1.57 во BC.Game
Фрајбруг лани имаше фантастична сезона и како награда за тоа добија пласман во Лига Европа. Имено, овој тим заврши на 5-та позиција, а до последно имаа шанси и за Лигата на шампиони, но во секој случај фановите на овој тим се задоволни. Базел пак мораше да изигра едно квалификациско коло за Лигата на шампиони и за противник го имаа Копенхаген кој беше подобар во двомечот, па Швајцарците за утеха ќе играат во второто европско натпреварување. Овде очекуваме ефикасен дуел и типуваме ГГ со квота 1.57 во Bc.Game.
Реал Сосиедад – Мајорка – 1 @ 1.80 во 22Bet
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
Тимот на Реал Сосиедад е најголемото разочарување досега во Ла Лига. Дефинитивно од нив очекувавме многу повеќе, но работите се такви што овој тим е во црвената зона, поточно на 18-то место без ниту една победа, односно со 2 реми и 3 порази. Мајорка од друга страна пак е со ист таков учинок, па и тие се на долниот дел на табелата. Поради домашниот терен, ние овде предност даваме на домаќините и типуваме 1 со квота 1.80 во 22Bet.
Клуб Бриж – Вестерло – 4+ @ 1.87 во Bet365
Овде имаме дуел на два тимови кои ни доаѓаат од различен дел на табелата. Домаќините се на 3-то место и досега мора кажеме дека прикажаа солидни игри и општиот впечаток за нив е солиден. Гостите пак се веднаш над црвените позиции, а општо познато е дека тие сакаат само навремен опстанок и ништо повеќе. Клуб Бриж на овој натпревар влегува како фаворит, а ние очекуваме ефикасен дуел со најмалку четири погодоци. Типуваме 4+ со квота 1.87 во Bet365.
ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 5.28
*Коефициентите од Bet365 се преземени на 24.09.2025 во 07:30 часот*
Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk