Дома Фудбал Конате заминува во Реал, Ливерпул замената ја најде во Барселона!?

Конате заминува во Реал, Ливерпул замената ја најде во Барселона!?

Актуелниот англиски шампион Ливерпул планира да го засили својот тим во зимскиот преоден рок со ангажирање на фудбалерот на Барселона, Роналд Араухо (26), кој може да игра како централен или десен бек. Уругвајскиот репрезентативец во јануари годинава го продолжи договорот со Барселона до јуни 2031. Меѓутоа, бидејќи повеќе не е редовно во стартерската постава, трансферот би можел да биде добредојден и за него, и за Барса, според шпанските медиуми.

Ливерпул е спремен да понуди 50 милиони евра обештетување за Араухо, а таа сума би била добра за каталонскиот клуб, кој сè уште се справува со финансиски проблеми.

Конате може да замине од Ливерпул

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Араухо пропушти голем дел од есенскиот дел од минатата сезона поради повреда и по враќањето на теренот не беше редовно во првиот тим. Новата сезона не носи промени за него, бидејќи тренерот Ханси Флик на последните три првенствени натпревари го остави на клупата.

Ливерпул ќе мора да бара нов централен бек бидејќи на крајот на сезоната најверојатно ќе се раздели со францускиот репрезентативец Ибрахима Конате. Според британските медиуми, тој одбил да го продолжи договорот, кој истекува во јуни следната година. Наводно, Конате веќе има усмен договор со Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона сака да го откупи Рашфорд за 30 милиони евра

Изгледа дека Маркус Рашфорд ги задоволи челниците на Барселона и тренерот Ханси Флик. Пора…