Дома Фудбал Дефанзивно тро станува достапно и сите сакаат во – Реал Мадрид! Кој ќе биде избран?!

Дефанзивно тро станува достапно и сите сакаат во – Реал Мадрид! Кој ќе биде избран?!

Ибрахима Конате, Марк Геи и Дајо Упамекано следното лето стануваат слободни агенти и наводно сите се отворени да преминат во – Реал Мадрид!

За Конате се знае одамна, бидејќи ги стопираше преговорите со Ливерпул, откако го контактираше Реал и му понуди опција да се пресели во Мадрид следното лето.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Но, наводно и Марк Геи и Дајо Упамекано се понудиле на Реал.

Не е тајна дека Геи ги договори сите услови со Ливерпул и дека при крајот на рокот требаше да го напушти Палас, но клубот не успеа да му најде замена, па така остана во Лондон. Геи сè уште има договор со Ливерпул, но неговите агенти го контактираа и Реал Мадрид, за да го испитаат теренот.

Слична е ситуацијата и со Упамекано, кој сепак сè уште не ги затворил вратите на Бајерн Минхен. Баварците му нудат нов договор и сакаат да го задржат, но Французинот разгледува и други опции.

На тројцата споменати играчи следното лето им истекуваат договорите, па останува да видиме кој од нив ќе го засили Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еден клуб е во голем проблем: Се подготвува голема промена во Премиер лигата?!

Менаџерот на Кристал Палас Оливер Гласнер изгледа дека ќе го напушти клубот од Лондон на к…