Дома Фудбал Кога маестро диригира, сите аплаудираат: Овации за Модриќ во Удине – видете зошто!

Кога маестро диригира, сите аплаудираат: Овации за Модриќ во Удине – видете зошто!

Лука Модриќ (40) уште еднаш ја покажа класата во дресот на Милан, блескајќи во 4-то коло на Серија А против Удинезе. Росонерите победија со убедливи 3:0 на гости, а хрватскиот маестро беше главен на теренот.

По неговиот гол во минатото коло за минималната победа против Болоња, Модриќ и овој пат воодушеви, не со гол, туку со фудбалска магија.

Со одлична асистенција со надворешниот дел од копачката “на послужавник” му послужи топка на Еступињан, што предизвика возбуда меѓу навивачите.

Во следниот дел од натпреварот, под притисок од тројца противници покрај аут-линијата, Модриќ со мирно чуство ја задржа топката и изведе потег кој веќе вирално се шири по мрежите. Коментарите не престануваат: “Станувам и аплаудирам на секој потег на Модриќ”, стои под видеото.

.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хари Кејн ја освои „Златната топка“ – Англија чекаше од 2001!

Хари Кејн е добитник на „Златната топка“ за 2026 година по фантастична сезона со Баерн Мин…