
На почетокот на новата сезона на Барселона, едно од поголемите изненадувања е минималната улога на Дани Олмо. Шпанскиот напаѓач досега добил малку време на теренот, започнал само еднаш во почетната постава, и тоа во натпреварот против Рајо Ваљекано. Во сите останати натпревари влегувал од клупата.
Постојат неколку причини зошто под тренерот Ханси Флик, Олмо нема истиот статус како минатата сезона. Првичниот фактор е неговата лична форма. Олмо уште нема постигнато гол и има само една асистенција, што е премалку за фудбалер од негов калибар.
Тешка конкуренција
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
Втората причина е жестоката конкуренција на неговата позиција. Иако може да игра на повеќе позиции во нападот, Олмо е најдобар како офанзивен играч за врска, позиција која е многу пополнета во овој момент. Неговиот главен конкурент, Фермин Лопез, одлично ја отвори сезоната. Тој заблеска на Гампер со два гола, обезбедувајќи си место во почетната постава за почетокот на првенството.
Истото сценарио се повтори и на натпреварот против Валенсија, каде што Фермин постигна уште два гола, зацврстувајќи ја својата позиција во почетната поставка за првиот меч од Лигата на шампионите против Њукасл. Но, не е само тој закана. На позицијата на Олмо може да играат и Рафиња и Феран Торес, кои исто така имаат фантастичен почеток на сезоната.
Дополнителен проблем за Олмо е што не ги искористи шансите што му беа дадени. Во дуелите против Рајо Ваљекано и Њукасл, тој имаше добри можности за постигнување на гол, но не успеа да ги реализира. Сепак, тој физички се осеќа добро и чека на континуитет за да ја достигне својата познатa форма.
И покрај сè, Олмо останува мирен. Знае дека неговата шанса ќе дојде и дека мора да биде подготвен да ја искористи. Нова можност би можела да се појави веќе во неделниот натпревар против Гетафе. Бидејќи Фермин не одигра најдобро против Њукасл, веројатно е дека Олмо ќе го започне натпреварот од првата минута.
За тоа дискутираше и Иван Ракитиќ при коментирањето на мечот против Њукасл. Хрватскиот репрезентативец и легенда на Барселона, во преносот за радио станицата COPE, изјави: „Фермин тоа го заслужи со своите изведби во последните натпревари, иако јас останувам на моето. За мене, Дани Олмо секогаш би играл.“