Дома Фудбал „Камп Ноу“ уште не ги добил сите дозволи: Барселона повторно го менува стадионот

„Камп Ноу“ уште не ги добил сите дозволи: Барселона повторно го менува стадионот

Фудбалскиот клуб Барселона соопшти дека „Спотифај Камп Ноу” сè уште не е подготвен за одигрување на фудбалски натпревари.

Клубот не ги добил сите потребни лиценци за отворање на новиот стадион, бидејќи Градскиот совет сака максимална безбедност за сите посетители и додека тоа не биде загарантирано, нема да даде зелено светло за одигрување на натпревари.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Во досегашниот тек на сезоната, Барселона одигра еден натпревар на стадионот „Јохан Кројф“, додека вториот ќе го одиграат овој викенд против Хетафе. Сметаа дека “Камп Ноу” ќе биде подготвен да го пречека Пари Сен Жермен на 1 октомври во Лигата на шампионите, бидејќи тој натпревар не може да се игра на “Кројф” поради сè што носи со себе.

Затоа, мораат на „Монжуик“. Она што претставува проблем за Каталонците е јасното правило на УЕФА – клубот не може да игра на два различни стадиона во текот на првата фаза од натпреварувањето. Сега, поради специфичната ситуација, можно е Барселона да ја добие дозвола за преселба од “Монжуик” на “Камп Ноу”, а ако ни тоа не се случи, екипата на Ханзи Флик до крајот на првиот дел од сезоната ќе биде домаќин “на брдо”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вака ќе изгледа „најдобриот стадион во Европа“ – ќе чини милијарда евра (Видео)

Претседателот на Милан, Паоло Скарони (78) истакна дека Интер и Милан до 2031 година ќе до…