Дома Фудбал Аморим доби последна шанса, на чекор е од отказ

Аморим доби последна шанса, на чекор е од отказ

Сер Џим Ретклиф наводно имал разговор со Рубен Аморим за неговото работно место по ужасниот старт на Манчестер Јунајтед во новата сезона.

Манчестер Јунајтед минатиот викенд во дербито беше поразен од Манчестер Сити со дури 3:0 и притисокот врз Аморим се зголемува.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Овој тим се наоѓа на 14. место на табелата во Премиерлигата, а има освоено само четири бодови на отворањето на сезоната.

Освен тоа, испаднаа од Карабао купот, а таму од нив подобар беше четвртолигашот Гримсби Таун.

Многу се зборуваше дека времето на Аморим на Олд Трафорд е избројано, но потоа Англичаните пренесоа вести дека сѐ уште има поддршка од челниците на клубот.

Сепак, прашање е до кога ќе трае тоа, бидејќи првиот човек на клубот станал нервозен и наводно денеска имал разговори со Аморим.

Му даде рок на Аморим од три натпревари, а потоа ќе ја прегледа ситуацијата и ќе донесе одлука.

Ретклиф наводно денеска отиде на тренинг на Манчестер Јунајтед, сѐ со цел да разговара со тренерот на овој тим.

По поразот од Манчестер Сити, Аморим повторно јасно кажа дека нема да го менува својот систем.

“Постојат многу работи за кои немате поим, а се случиле во последните неколку месеци, но јас го прифаќам тоа.

Но, јас нема да се променам. Кога ќе посакам да ја сменам својата филозофија, тогаш и јас ќе се променам”, јасен беше Аморим.

Откако го замени Ерик тен Хаг на клупата на тимот од Олд Трафорд, Аморим има остварено само осум победи во 31 одиграна лигашка утакмица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Заработката на Меси во Интер Мајами јасно покажува зошто си замина од ПСЖ

Неверојатната сума пари што ја заработи фудбалската легенда, Лионел Меси, додека играше за…