Дома Фудбал Халанд е новиот рекордер во Лигата на шампионите

Халанд е новиот рекордер во Лигата на шампионите

ЕРЛИНГ Халанд, во натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Наполи на Етихад, испиша историја во Лигата на шампионите, како играч кому му беа потребни најмалку натпревари за да постигне 50 голови во натпревањето, надминувајќи го рекордот што 18 години го држеше Руд ван Нистелрој.

Норвешкиот напаѓач го постигна својот 50. гол во само 49 натпревари од најсилното европско клупско натпреварување, што е за дури 13 натпревари помалку отколку што му беа потребни на легендата на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Халанд исто така е вториот најмлад играч што ја достигнал оваа граница со 26 години и 22 дена, само зад Килијан Мбапе, кој имаше 25 години и 356 дена кога го постигна својот 50. гол.

Играчите со најмалку натпревари за 50 голови во Лигата на шампионите:

  1. Ерлинг Халанд – 49
  2. Руд ван Нистелрој – 62
  3. Лионел Меси – 66
  4. Роберт Левандовски – 77
  5. Килијан Мбапе – 79
  6. Карим Бензема – 88
  7. Кристијано Роналдо – 91
  8. Раул Гонзалез – 97
  9. Тиери Анри – 103
  10. Томас Милер – 130
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Водителката Мирослава повторно е хит во Лигата на шампионите (Фото)

Првото коло од Лигата на шампионите, најпознатото клупско фудбалско натпреварување во свет…