Дома Фудбал Потврдена е казната на Дин Хаусен

Потврдена е казната на Дин Хаусен

Апелационата комисија на Шпанската фудбалска федерација денес ја потврди одлуката на Дисциплинската комисија од минатата среда. Централниот одбранбен играч на Реал Мадрид Дин Хаусен ќе ја издржи својата казна од еден натпревар поради црвениот картон добиен во дуелот против Реал Сосиедад. На овој начин, дефанзивецот нема да биде на располагање за натпреварот во сабота против Еспањол.

Видео записот од Судиската комисија не беше земен предвид или подобро кажано не послужи како конечен доказ за јасна грешка на судијата. Јавната позиција на Судиската комисија беше признавање на грешката на Хил Мансано, кој прецени со казната на црвен картон, но во исто време ја поддржа одлуката на Фигероа Васкес од ВАР да не интервенира. Всушност, Реал Мадрид поднесе жалба за да се обиде да го спаси Хаусен од казната, повикувајќи се на објаснителното видео во кое се признава грешката и се укажува дека казната требало да биде ограничена на жолт картон. Меѓутоа, во одлуката на Апелационата комисија се наведува дека признавањето на грешката е претставено како доказ, но не и делот од видеото во кое ситуацијата се одредува како „сива зона“, а не како јасна грешка.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Не помогна ни тоа што Реал Мадрид се повика на случајот со играчот Антони од Бетис од минатата сезона (кому му беше укинат црвениот картон), бидејќи Апелационата комисија изјави дека споредувањето на различни случаи не е во нејзина надлежност. Сега на Реал Мадрид му останува можноста да се обрати до Спортскиот арбитражен суд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола е 100% сигурен дека Родри ќе блеска повторно

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е “100% сигурен” дека Родри ќе се в…