
Фудбалската репрезентација на Шпанија се закани дека ќе го откаже настапот на следното Светско првенство.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Мундијалот следната година ќе се одржи во САД, Мексико и Канада, а можеби на него нема да биде присутна „црвената фурија“.
Причината е можниот настап на репрезентацијата на Израел на американско тло, против што шпанската влада зазеде строг став за случувањата во Газа.
„Ќе ја процениме ситуацијата во потребното време. Тоа што сакаме е луѓето да разберат дека ако израелските тимови не можат да учествуваат во спортски настани или на ‘Евровизија’, некои почнуваат да ги отвораат очите. Бидејќи нашите се широко отворени и не го трпат она што го гледаат. Затоа не можеме и не сакаме да молчиме”, рече Паќи Лопес, портпарол на Шпанската социјалистичка работничка партија.
Изјавата на Лопес дојде веднаш по прекинот на етапа од велосипедската трка „Вуелта“ поради пропалестински демонстранти.
.